Регионалната лига во фудбал за млади категории, во машка и женска конкуренција, дефинитивно ќе стартува наскоро, договорено е на состанок на седум национални сојузи во Загреб.
„Хрватскиот фудбалски сојуз беше домаќин на претставници на ФС БиХ, Црна Гора, Унгарија, Македонија, Словенија и Србија на конструктивен состанок во текот на кој се разговараше за покренување на заедничка лига, која за цел ќе има развојно влијание и собирање на меѓународно искуство за фудбалери и фудбалерки од помладите возрасни категории“, соопштија од Хрватскиот фудбалски сојуз.
Регионалната лига ќе се игра под покровителство на Европската фудбалска унија (УЕФА) и ќе биде најдобра проба за формирање на сениорски натпреварување.