Претседателот на Франција Емануел Макрон нема да учествува на Светскиот економски форум во Давос, објави француското радио БМФ, повикувајќи се на извори од Јелисејската палата.
Причината за откажувањето според информациите, наводно, лежела во пренатрупаниот распоред на обврски на францускиот претседател, додека поак радиото наведува дека недоаѓањето на Макрон може да има врска и со протестот на „жолтите елеци“ и претстојната јавна расправа за работата на државните институции и демократијата.
Светскиот економски форум се одржува од 22 до 25 јануари во Давос, Швајцарија.
Своето отсуство пред неколку дена го најави и Доналд Трамп поради ситуацијата на американско-мексиканската граница и блокадата на владата.