Во директен дуел со најголемиот конкурент за титулата, Ливерпул денеска го совлада Манчестер сити пред своите навивачи со 3:1 (2:0) и направи огромен чекор кон трофејот којшто на „Енфилд“ се чека од 1990 година.
Избраниците на Јирген Клоп фуриозно го почнаа дербито коер со нетрпение се очекуваше во речиси цела фудбалска Европа.
После 13 минути игра на семафорот веќе беше 2:0.
Фабињо во шестата минута и Салах во 13-тата го фрлија големиот ривал во нокдаун, за на отварањето на второто полувреме, во 51 минута, Мане да го дотолчи англискиот првак.
Тогаш Сити тргна на се или нешто, „граѓаните“ правеа прилики пред голот на Алисон, но само Бернардо Силва, во 78 минута, ја затреше мрежата на „црвените“ и само го ублажи поразот на Манчестер.
Сити во 12 кола од Премиер лигата запиша три порази, Серхио Агуеро ниту на десетиот натпревар на „Енфилд“ не успеа да ја затресе мрежата на Ливерпул, кој сега на избраниците на Пеп Гвардиола им бега девет бодови.