Фидел Кастро беше „најголем“ и мене како втор татко, изјави денес во Загреб легендарниот аргентински фудбалер, Диего Марадона реагирајќи на веста за смртта на таткото на Кубанската револуција.
„Ова е ужасен ден за мене. Јавено ми е дека починал оној кој беше најголем, без никакво сомнение. Умре Фидел кастро. Многу сум тажен“, рече Марадона кој во Загреб присуствува на финалето на Дејвис купот меѓу Хрватска и Аргентина.
Во Загреб, вели, ќе останел до недела навечер, а после заминува за Хавана.
„Сакам да бидам со Раул, братот на Фидел, со нивните деца и кубанскиот народ кој ми многу ми помогна“, изјави видно потресен аргентинската фудбалска легенда.