Германската криминалистичка полиција по детален претрес на камионот со кој во понеделникот беше извршено грозоморното злосторство во Берлин, пронашла документи и траги кои укажувале на момче од Тунис.
Полицијата под седиштето пронашла документ кој на лицето му овозможува да остане во Германија, и покрај тоа што му било одбиено барањето за азил.
Осомничен е 24-годишниот Анис А. Од Тунис, роден во Татуин.
Истражителите се сомневаат дека тој користел различни идентитети при неговиот престој во Германија и се очекува распишување на потерница.
Сојузната служба за криминалистичка истрага најави дека денес попладне ќе ги обелодени сите досегашни сознанија за трагичниот настан.