Во експлозија во џамија на северот на Кабул денеска загинаа најмалку 12 луѓе, а ранети се повеќе од 20 верници, соопшти авганистанската полиција.
Претставникот на полицијата информираше дека во џамијата бил поставен експлозив, пренесе АП.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а полицијата соопшти дека истрагата е во тек.
До нападот дошло во моментот кога Талибанците и авганистанската влада прогласија тридневен прекин на огнот заради муслиманскиот верски празник Рамазан бајрам.