Неколку илјади луѓе, и покрај строгите епидемиолошки мерки, се собраа вчера во центарот на Љубљана на мирен протест против премиерот Јанез Јанша.
Меѓу насобраните беа истакнати словенечки интелектуалци со лева ориентација и претставници на многу невладини организации кои тврдат дека Јанша спроведува „десен терот“ и дека сегашната власт не е демократска.
Протестот беше одржан на плоштадот Франце Прешерн, на денот кога Словенците имаат државен празник Ден на отпорот, со кој се потсетува на основањето на Ослободителниот фронт во 1941 година од страна на словенечките комунисти, кои ја поведоа борбата против фашизмот и нацизмот.
Граѓаните на Љубљана ја повикаа владата да отстапи, а на протестот им се придружија и поранешни партизани.
Насобраните извикуваа пароли против Јанша, а низ центарот на главниот град на Словенија одекнуваше „смрт на фашизмот, слобода на народот“.
Полицијата во ниту еден момент не интервенираше, но соопшти дека собирот не бил уредно пријавен. Станува збор за најголем собир против власта во последните неколку години.
(Фото: Ројтерс)