На 30.7.2019 година во 14:35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Радовиш, кај село Лакавица, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило влекач со скопски регистарски ознаки управувано од Т. Д. (37) од Велес и патничко моторно возило „голф“ со радовишки регистарски ознаки управувано од
Ж. К.(46) од с. Ињево – Радовиш.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците од возило „голф“ С.К.(19), Ј.К.(41) и биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
МВР денеска соопшти дека извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа
од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.
На 31.07.2019 година во 01,20 часот било пријавено дека на автопатот Демир Капија-клучка Миравци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „пасат“ со српски национални ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од Р.Србија, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(24) од с. Студеничанископско и патничко моторно возило „Ауди“ со тетовски регистарски
ознаки, управувано од И.Д.(40) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот Б.Ј. и сопатникот од истото возило Т.С.(22) од Р.Србија, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија.
И другите двајца возачи биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
На 30.07.2019 во 12,00 часот во Полициска станица Гевгелија бил пријавен пожар на улица „Ристо Чавдаров“, во колективна станбена зграда при што биле опожарени станови од поткровјето.
Пожарот е изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и Неготино.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и
утврдено е дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите.
На 30.07.2019 година во 18,45 часот во Полициската станица Аеродром В.В. (55) од Скопје пријавила дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.
На 30.07.2019 година во 12,10 часот во Полициската станица Драчево Б.Г. (48) од Скопје пријавил дека на улицата „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
На 30.7.2019 околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172“ во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле 27- годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица.
Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 30.07.2019 во 15,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово се случила сообраќајна негзода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(56) од с.Копаница-скопско и патничко моторно возило “Ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(31) од Тетово.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото “Фолксваген Голф“ Х.И.(24), А.И.(21) од с Копаница-скопско и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје за укажување на лекарска помош.
Друга сопатничка од истото возило Ф.И. (56) од с.Копаница-скопско се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница “8 ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.