Вчера на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои вршат неправилно престигнување и обиколување.
Во акциската контрола биле констирани 107 прекршоци, од кои 23 по акциската контрола и 84 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(49) од Струга, поради
постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно
градење“ и „узурпација на недвижност“.
Тој, во својство на инвеститор, во текот на 2020 година на локација во Струга, без соодветно одобрение започнал со доградби на објект и узурпирал земјиште сопственост на Република Северна Македонија. Од извршениот инспекциски надзор
донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ги отстрани доградбите.
Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Крушопек, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(37), Р.М.(32), Р.М.(31) и Џ.М.(44), од една страна, и А.А.(38) од друга страна, сите од с.Крушопек.
Сочинети записници по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Ј.(50) од с.Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’.
На 09.12.2020 во с.Пирок, во угостителски објект сопственост на пријавениот, полициски службеници извршиле контрола и констатирале дека објектот работи после пропишаното време.
Денеска околу 10.00 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека Б.П.(47) од Дебар, додека бил во сопствениот угостителски објект, бил нападнат со остар предмет од едно лице.
Се работи на расчистување на случајот.
СВР Струмица поднесе две кривични пријави против Ф.А. и З.А. од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пренесување заразна болест“ и „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“.
На 27.09.2020 полициски службеници извршиле контрола и не ги затекнала пријавените во својот дом во Струмица и покрај тоа што им биле издадени решенија од ДСЗИ за изолација.
На 30.12.2020 во 01.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Перо Наков настанал пожар во патничко возило „бмв“, со бугарски национални ознаки, сопственост на Т.С.(40).
Повредени лица нема.