„Вчера во 16:00 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „Ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(39) од Тетово, удрило во карпест брег покрај патот.
А.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен болницата во Тетово, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
На регионалниот пат село Јажинце-Тетово, во село Беловиште, Б.Ј.(45) од село Рогачево, управувајќи патничко возило „Пежо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. Увид извршила екипа на СВР Тетово.
СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.Р. (31) од Полска, со привремено живеалиште во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 10 мај годинава полициски службеници извршиле претрес во домот каде живеела пријавената, при што пронашле и одзеле марихуна, мешавина од тутун и марихуана и повеќе предмети со остатоци од марихуана.
Вчера во 23:10 часот во Полициската станица Гостивар бил приведен Џ.Џ.(24) од Република Турција, кој непријавено престојувал во земјава и
непоседувал документи за идентификација. Тој бил задржан за натамошна постапка.
Вчера во 12:50 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.М.(49) од Скопје пријавил дека на 12.05.2019 година во 20:00 часот на ул.„Партение
Зографски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.