На денешен ден во 1945 година со безусловна капитулација на Германија заврши Втората светска војна во Европа, а по тој повод германската канцеларка Ангела Меркел порача дека нивна „трајна одговорност“ е да се одржи сеќавањето на милионите луѓе кои ги загубија животите во текот на годините на „националсоцијалистичката тиранија“.
Меркел, како што пренесе портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт, на Твитер, истакна дека 8 мај 1945 година бил „денот на ослободувањето“, којшто значел крај на нацистичката диктатура и „крах на цивилизацијата која беше холокауст“.
„Останува наша трајна одговорност да го одржуваме сеќавањето на милионите луѓе кои ги загубија животите во текот на нацистичката тиранија“, наведе Зајберт.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас се заблагодари на милиони луѓе кои, како што истакна, го ризикувале животот и се жртвувале за да го ослободат светот од фашизам, но истакна дека фашизмот и денес е присутен.
„За жал, идејата за фашизмот сеуште не е искоренета во целост“, напиша Мас на Твитер.
(Фото: АП)