Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром забележа победа во првиот од двата пријателски меча против романска ЦСМ Крајова со 82:72.
Тренер на романскиот тим е поранешниот предводник на аеродромци, Александар Тодоров.
Серијата 24:1 направена во вториот период со која негативата од осум поени (17:25) ја претворија во убедлива позитива (41:26) се покажа како клучна за победата на домаќините.
Ова воедно беше четврти успех во петтиот пријателски меч пред новата сезона.
Претходно МЗТ Скопје ги совлада Гостивар, Вардар, Сигал Приштина и унгарски Шолнок, а загуби од романска Орадеа.
Нуни Омот со 19 поени беше најефикасен во нашиот тим, Џабари Хиндс постигна 12, Андреј Маслинко 11, а Бојан Крстевски 10 поени.
Андреј Магдевски и Србинот Никола Шчекиќ, кој деновиве тренира со нашиот тим, застанаа на осум, додека Марко Симоновски постигна шест, а Дамјан Стојановски пет поени за релативно лимитирана минутажа.
Вториот натпревар на овие две екипи ќе се игра денес и ќе биде од затворен карактер.