Во кампот Суда на грчкиот остров Хиос во текот на ноќта дошло до немири меѓу мигрантите во бегалскиот камп, кои потоа предизвикале инциденти низ градот.
По интервенцијата на полицијата, ситуацијата е под контрола.
Мигранти, главно од Африка, вчераноќ околу 23 часот прво запалиле шатори и уништиле поголем дел од кампот и кршеле автомобили и излози.
Уапсени се педесетина бегалци.
Според ЕРТ, околу 23 часот група мигранти влегле во продавница за пиротехнички средства и украле поголемо количина петарди. Тие, освен што направиле значителна штета во кампот, ги вознемирувале жителите во локалните куќи, а фрлале и камења по автомобили во движење.
Полицијата ја блокирала областа, а заради смирување на ситуацијата употребила и солзавец.