Синот на Михаел Шумахер, седумнаесетгодишниот Мик, одамна тргна по стапките на татко му.
Талентираниот автомобилист објави дека следната сезони ќе вози во Формула 3, но неговите амбиции се врзани за „кралската класа“.
„Сакам да бидам шампион во Формула 1. Верувам дека секој возач сонува за тоа. Но, прво треба да стекнам искуство. Ќе настапам во Формула 1 кога ќе почувствувам дека сум стоотсто подготвен“, изјави Шумахер помладиот за „Билд“.