„Најблиските соработници на Никола Груевски први го напуштаат бродот на криминалната банда и се подготвуваат за опозиција. Прв повлече нога носителот на листа, Антонио Милошоски“, рече на прес-конференција Петре Шилегов.
Милошоски, според Шилегов, базирајќи се на документот издаден во понеделникот, ќе работел како нотар.
Официјалниот документ од Министерството за правда, според којшто министерот за правда само ден по изборите, формирал комисија за да изврши проверка на просториите и опремата во коишто ќе се смести новиот нотар, Антонио Милошоски, го покажувал тоа. Од документот, истакна пртпаролот на СДСМ, се гледало дека Министерството за правда побарало од Нотарската комора на Македонија увид во условите за работа на Милошоски како нотар уште пред изборите, на 7 декември. Тоа, вели тој, значело дека Антонио Милошоски ги лажел граѓаните кога им ветувал дека ќе ги застапува нивните интереси во институциите.
Канцеларијата на „нотарот“ Антонио Милошоски, донеодамнешниот прв соработник на Никола Груевски, е на улицата Орце Николов бр 20/2 во Скопје.
„Вчера, два часа пред Влатко Ѓорчев да излезе на невротичната и панична прес конференција, комисијата од Министерството за правда била во овие простории да ги утврдува условите за новата нотарска работа на Милошоски.
Ете затоа е паниката во ВМРО-ДПМНЕ. Режимот тоне. За кратко почнува реализацијата на Планот за живот во Македонија како што одлучија граѓаните на изборите“, порача Шилегов.