Антонио Милошоски, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев да престане да ја потценува интелигенцијата на македонскиот граѓанин.
„Вие сте човек со лабилно мислење, вие сте прочитана книга, аболициран криминалец и ако сте убеден дека платформата е негативна, тогаш отворено кажете дека ја отфрлате. Ако пак за вас таа платформа е прифатлива, тогаш заборавете на најавените дебати за името, знамето, грбот, химната и ајде со изборните програми на избори за кои ќе одлучат граѓаните“, рече Милошоски.
Во врска со можноста Албанец да биде избран за собраниски спикер, Милошоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не е во позиција да одбере претседател на Собранието, но ќе ги почекаат предлозите, а не е исклучено и тие да дадат свои предлози.
За нив како партија, рече Милошоски, интересот на државата бил поважен од секој друг интерес, па би прифатиле пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за малцинска влада на СДСМ, доколку се откажат од платформата од Тирана. Тоа, според него, било можно и било во интерес на државата.