Министерот за здравство, Венко Филипче денеска ќе ја посети Клиничката болница во Штип. Повод за посетата, како што соопшти неговиот Кабинет, е поставувањето на
модуларната болница, лоцирана во близина на детскиот оддел во рамки на здравствената установа.
На 5 декември, кога имаше средба со директорите на Центарот за јавно здравје и на Здравствениот дом во Штип, министерот Филипче најави дека модуларната болница ќе биде готова до крајот на годинава.
„Имајќи предвид дека Здравствениот дом во Штип е најголем здравствен дом и најголема единица за итна медицинска помош во регионот, притисокот и интензитетот на работа е навистина голем“, изјави тогаш Филипче и најави дека Штип до крајот на месецов ќе добие и ново возило за итна медицинска помош.