На авион на „Туркиш ерлајнс“ во кој бил и претседателот Ѓорѓе Иванов поради сомнителна „направа“ вечерва не му било дозволено да полета.
Била детектирана „опасност по животот на претседателот на Република Македонија“ заради што бил вклучен системот за тревога.
Авионот веднаш бил испразнет.
Патниците биле однесени во аеродромската зграда, а Иванов бил засолнет на безбедна локација.
Екипа на Одделот за антитероризам при УБК детално го провериле авионот.
Проверка е направена и на патниците и багажот
При контролатав во куфер на турски државјанин бил пронајден вклучен телефон.
Откако било констатирано дека не станува збор за експлозивна направа од управата на аеродромот била издадена дозвола за полетување.
Иванов, според информациите од МВР, останал во Скопје.
Тој преку Истанбул требало да замине за Мадагаскар.