Во Државната изборна комисија се чешлаат еден по еден записниците од општинските изборни комисии.
Според наши извори од комисијата, утврден е неточно јавен резултат во електронските записници.
Пронајдени се „грешки“ што ги направиле членови на општински изборни комисии во извештаите што после
пребројувањето на избирачките места ги испратиле во ДИК.
Според соговорникот од ДИК освоени гласови на СДСМ се запишани на контото на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој не уверува дека станува збор за организиран ланец на лица за правење изборни нерегуларности.
Дали има или нема, како што вели нашиот соговорник, системско крадење на гласови никој не кажува. Молчат и во МВР и во ДИК.