Центарот за разузнувачки и специјални операции во северен Ирак, кој наводно и припаѓа на израелската разузнувачка служба Мосаде, бил нападнат од „неидентификувана група“, известија ирански медиуми, но засега никој официјално не го потврди ова.
Пријавено било, наводно, дека имало жртви во нападот и дека наскоро ќе бидат прикажани повеќе детали за инцидентот, вклучувајќи и видео снимка, јави „Ерусалим пост“.
Иранските медиуми во извештајот тврдат дека жртвите се припадници на „израелските сили“, но не е јасно дали тоа се однесува на израелски државјани или странци кои работат со Израел, се додава во текстот.
Извештај за инцидентот објави и иранската агенција „Фарс“, наведувајќи дека ирачките медиуми и извори предупредиле и порано за активностите на израелските елементи во курдската област во Ирак.
Текст со детали за нападот објавија и Ал-Алам њуз, кој е во сопственост на иранска државна медијска корпорација, и Прес ТВ, новинарска мрежа на англиски јазик која ја води иранската влада.
Извештајот, според информациите, пристигнал од новинарски извор под името „Сабрин“ на социјалната мрежа „Телеграм“, а во него бил цитиран „безбедносен извор“.