Во Феодосија, на Крим, ќе се наоѓа базата на воздушно-десантскиот полк, во кој ќе биде реорганизирана 56-та воздушно-десантска ударна бригада, изјави министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу.
„Во рамки на зголемените борбени способности на војската планирано е до крајот на годината да заврши разместувањето на Третиот воздушно-десантски полк на 76-та дивизија во П’сков и да се реорганизира 56-та воздушно-десантска ударна бригада во 56-ти десантски полк со стална база во Феодосија“, соопшти Шојгу.
Министерот наведе дека воздушните-десантски сили на Русија „достигнале нов квалитет на оперативно реагирање на заканите на воената безбедност на земјата“.
Моментно, 56-та воздушно-десантска ударна бригада се наоѓа во градот Камишин во Волгоградската област.