Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, изјави денеска дека Москва наскоро ќе и одговори на Македонија за протерувањето на уште еден руски дипломат од амбасадата во Скопје.
„Одговор, се разбира, ќе следи“, кусо изјави Грушко.
Претходно, македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, соопшти дека по налог на македонската влада еден руски дипломат е протеран затоа што вршел „неприкладни дипломатски дејствија“ и дека не ги почитувал дипломатските правила во Македонија.