Во Москва денеска би можел да биде соборен температурниот рекорд за 13 јули кој е измерен пред 85 години, речено е од метеоролошката служба Фобос.
Метеоролозите за денеска во главниот град на Русија најавија максимална температура до 35 степени Целзиусови, пренесува РИА Новости.
Рекордната температура за денешниот ден во Москва е измерена во 1936 година и изнесува 32,4 степени.