Рускиот опозиционер Алексеј Навални го даде првото интервју од затворот, споредувајќи го со кинески „работен логор“, и додава дека е приморан да гледа по осум часови дневно програма на државната телевизија, пренесе „Гардијан“.
Навални отслужува затворска казна од две и пол години во затвор во Покров, 100 килоемтри источно од Москва.
Тој за „Њујорк Тајмс“ рече дека деновите на „тешка работа“ во советскиот затвор се завршени, но сега се заменети со, како што истакна, „психолошко насилство“ по пат на испирање на мозокот и пропаганда.
„Можете да замислите истетовирани мускулести мажи со челични заби, кои се борат со ножеви за да зафатат кревет покрај прозорец. Морате да замислите нешто како што е кинески работен логор, каде што сите маршираат во ред, а камери се на сите страни. Исто така, присутна се и константна контрола и култура на цинкарење“, изјави Навални.
Тој наведува дека чуварите го надгледуваат него и останатите затвореници додека гледаат „државна пропаганда“, не дозволувајќи им да читаат или пишуваат, а ако некој случајно заспие, веднаш го будат.
Меѓутоа, се додава во текстот, Навални не го напушта надежта за иднината за владеењето на претседателот Владимир Путин, инсистирајќи дека еден ден сето тоа ќе се заврши.
„Порано или покасно, оваа грешка ќе биде исправена, Русија ќе стане демократско општество, на европските патеки на развојот, затоа што луѓето така сакаат“, посочува рускиот опозиционер во интервјуто.
Тој истакнува дека западните санкции на Русија повеќе му штетат на рускиот народ отколку на луѓето на власт.
Патем, додава, дека никој од затворениците не го нападнал, дури, вели, и дека му било забавно со нив.
Навални, кој според тврдењата на западните разузнувачки служби е затруен со нервен агенс минатата година, се врати после лекувањето во Германија во Русија во јануари, но веднаш по пристигнувањето на аеродромот во Москва е уапсен и потоа осуден со обвинение дека ја прекршил условната казна.
Кремљ негираше дека стои зад труењето на Навални и остана при ставот дека затворската казна не е политички мотивирана.