Светот зборува за фудбалерите на Барселона … на „Ноу Капм“ е испишана бајка. Меси и другарите го срушија ПСЖ (6:1), направија нешто неверојатно, а навивачите ширум светот ги зафати вистинска еуфорија послме проаѓањето во четвртфиналето во Лига на шампионите.
https://www.youtube.com/watch?v=3bvcJMLDM_M
Кина, Јапонија, Индија … Голот на Серхио Роберто предизвика хаос. Навивачите на Барселона насекаде по светот беа во транс. Никој не можеше да верува дека нивната екипа успеа. Пискање, скокање, позитивно лудило – се славеше долго во ноќта.
А како само беше на „Ноу Камп“ … Кога Барселона го постигна голот вреден за одење меѓу осумте најдобри, тлото се тресеше како овој град да го погодил земјотрес.
„Долго веќе го следам сеизмометарот кога игра Барселона“, но никогаш не било вака. Ова се најголеми вибрации забележани до сега“, рекол човек вработен во Институтот „Хауме Алмера“ во близина на стадионот.
Екипата на Луис Енрике навистина добро го „затресе“ светот.
https://twitter.com/YohanMahanaga/status/839597153546797061?ref_src=twsrc%5Etfw