Ирански новинари, повикувајќи се на свои доверливи извори, објавија дека израелски трговски брод бил нападнат од Револуционерната гарда додека пловел од Џеда во Саудиска Арабија кон Обединетите Арапски Емирати.
Либанската телевизија Мајадин објави дека на пловилото избил пожар и дека го погодило „непознато оружје“. Но, наведуваат дека напаѓачот засега не е познат.
Нападот на израелскиот трговски брод се случил утринава во Индискиот океан, пренесе „Тајмс оф Израел“ и, повикувајќи се на свои извори, наведуваат дека зад гранатирањето на бродот „Тиндал“, кој делумно е сопственост на израелскиот бизнисмен Ејал Офер, наводно, стои Иран.
Бродот, меѓутоа, не пловел под израелско знаме ниту, пак, екипажот бил израелски, неведува весникот Харец.
Да потсетиме, минатиот месец израелската флота на сличен начин нападна ирански брод.
Израелски воени официјални лица и понатаму ја проверуваат информацијата за нападот на изралескиот карго брод од страна на иранските сили, јави денеска израелската телевизија Н12.
Ниту еден член на екипажот не е повреден и бродот не е значително оштетен, пренесува тој израелски медиум повикувајќи се на неименувани извори од Министерството за одбрана.
Ниедна организаија не ја презеде одговорноста за инцидентот.