Во знак на поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која првпат се пласираше на една Европското првенство, Владата на вечерашната 73-та редовна седница, одржана преку видео-конференциска врска, донесе Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари.
Согласно оваа Одлука, подготвителниот натпревар на нашата фудбалската репрезентација со Словенија, кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во
Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.
(Фото: МИА)