Видео играта „Покемон Го“, Олимпијада и американски претседателски избори се меѓу најчестите пребарувања на Интернет пребарувачот Гугл (Google) во 2016 година.
На врвот на листата е лотаријата Пауербол (Powerball) која опфаќа повеќе американски држави, на која е исплатена рекордната добивка од 1,6 милијарди долари во јануари и добивка од 429 милиони долари во јуни.
Исто така, во првите десет најбарани се музичките икони Дејвид Боуви и Принс, кои починаа во јануари односно април, ураганот Метју кој профучи низ Карибите и стигна до американскиот брег во октомври.
Бред Пит е актер кој е најповеќе пребаруван преку Гугл во 2016 година, а девојката на британскиот принц Хенри, Меган Маркл, била меѓу најбараните актерки.
Пеачката Бијонсе е на врвот на пребарувањето заљ музика, таа е уметник кој најповеќе бил во тренд, а нејзината нумера „Formation“ е најбарана песна преку Гугл.