Дваесет лица денес загинаа во експлозија на автомобил бомба на преполнетиот пазар во Могадиш, главниот град на Сомалија.
Сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд рече дека полицијата уапсила двајца мажи кој го извеле денешниот напад и дека тие се наоѓаат во притвор.
Припадниците на безбедносните сили соопштуваат дека маж го паркирал камионот полн со експлозив на влезот во пазарот.
„Осомничениот го оставил возилото и го активирал експлозивот кога полицајците му рекле да го премести од таму затоа што го отежнува движењето на луѓето“, изјави Хусеин Ахмет Улосов, официјален претставник на дисктиктот Вабери, додавајќи дека повредениот напаѓач се обидел да избега но бил совладан и приведен.
Експлозијата се случи на влез во пазар кој е во близина на аеродромот, а претседателската колона поминала по тој пат половина час пред нападот.
Засега не е познато дали претседателската колона била цел на напдот, пренесува Гласот на Америка.