Јануари
Венера, вашиот владетел во знакот на Риби, сопланетите Нептун и Марс, овој месец ќе ви донесе многу работа, но и можност на многумина да најдат работа, или да ја сменат. Ќе добиете поволна понуда или добра вест во втората половина од месецот и шанса поволно да решите извесен судски спор од 15-ти. Очекувајте добра заработка во текот на целиот месец, со поголема добивка околу 20-ти. Аспектот кој го прави Марс често знае да се толкува како напнат и совет ви е да внимавате што кому му кажувате, за да дојдете во судир со колегите.
Љубовната слика е речиси идеална со Венера и Нептун во Риби и меркур во Јарец, па очекувајте многу романтика, но и страст и авантура, било да сте сами или не. На слободните им следува запознавање околу 13-ти или кон крајот на месецот, кое би можело да потрае.
Здравствено ова е стабилен месец и единствените пречки би можеле да бидат проблеми со нозете.
Февруари
Февруари ќе биде релативно напорен месец, пропратен со нервози и можни расправии и судири, како на работното место, така и со законот. Овој месец е подобро да ги решавате старите проблеми, отколку да се впуштате во нови проекти. Пожелно е да бидете пасивен, затоа што многу поголеми шанси се да изгубите, посебно во текот на втората половина на месецот, кога се можни административни проблеми или проблеми со документација. Исто така, чувајте се од кражба или од обид за измама. Строго водете сметка што потпишувате. Финансиите не ви се наклонети, но ќе има повремени добивки.
Полето на љубовта носи доста расправии, но и помирување, или враќање на некои стари љубови и обновување на минатото.
Здравјето ќе биде загрозено и чувајте се од физички повреди, со посебен осврт на рацете.
Март
Имате добри шанси нешто во животот да смените. Плутон од знакот на Јарец, како и Нептун од знакот на Риби сигурно ќе ве натера на коренити промени, најповеќе на семеен план, но и на деловен. Очекувајте сериозни законски процедури кои, ако не бидат пред вас, можете успешно да ги решите. Во спротивно, следува загуба. Многумина ќе го променат работното место, а многу ќе останат без него, а причината е подметнување на клипови во тркалата. Тие кои се без работа се во подобра позиција и со више шанси истите да го најдат. Финансиската ситуација нема да биде лоша и очекувајте извесни добивки или помош во текот на првата половина на месецот, но не очекувајте дека ќе успеете долго да ги задржите парите.
Љубовната ситуација е најмалку стабилна и донесува многу проблеми и раздвојување од семејството, а тие кои не се во врска можат да очекуваат ненадејни и судбински средби.
Здравствено ќе бидат загрозени оние со нагласени проблеми со грлото.
Април
Кога е работата во прашање, во текот на април се ќе се одвива онака како што сте замислиле. Очекувајте дека ќе бидете наградени за вложениот труд и веројатно унапредени. Можете да очекувате добивка на 14-ти, или поволности за покренување на приватен бизнис. Изворите на приходи во текот на овој месец би можеле двојно да се зголемат.
Полето на љубовта ветува. Ако до сега не сте можеле да успеете да најдете заеднички јазик со партнерот, ова е многу поволен период да го дефинирате вашиот статус. Многу Бикови овој месец ќе влезат во сериозни и стабилни врски кои имаат долга перспектива. Ако ста млади имате повеќе шанси, но и ако не сте среќата нема да ве одмине.
Здравјето е стабилно овој месец, освен околу 14-ти и 15-ти, кога се можни проблеми со вратниот дел на ’рбетот.
Мај
Овој месец имате добри аспекти од Месечината и Плутон, со нагласок на половината на месецот, а тоа значи значителен успех во соработката со вашето најблиско опкружување, особено со роднините. Изобилство од добри вести очекувајте од 14-ти, и не пропуштајте ниту една прилика. Многу припадници на овој знак ќе покренат приватен бизнис во рамките на куќата, во соработка со партнерот, или во партнерство со пријател. Бидете внимателни кога законски ја регулирате ситуацијата, затоа што ќе бидете нагласено енергичен, затоа лесно можете да дојдете во конфликт. Не правете партнерки односи и не влегувајте во заеднички работи избрзано и не доверувајте се пред луѓето кои не ги познавате доволно.
Полето на љубовта е со нагласок на флерт и барем една авантура сигурно ви следува, затоа ако сте во врска, бидете претпазлив. Некој кој долго се подготвува да ве освои тоа ќе го направи после 16-ти, без оглед дали сте во врска или не.
Здравствено се можни проблеми со зглобовите, а ќе бидете и премногу напнати.
Јуни
Не ви е лесно овој месец, но можете да очекувате дека ќе се сетат на вас сите оние со кои некогаш сте соработувале и да ви бидат од корист. Вие сте во позиција да, поради некои добри работи кои сте ги правеле, можете да очекувате успех. На работа морате да бидете внимателни за да не се замерите со никого, затоа што ризикувате да направите расправија и да предизвикате поделба на откази, ако влезете во конфликт со претпоставените. Во најдобра ситуација се секако припадниците на знакот кои имаат приватни бизниси или работат во рамките на домот. Финансиската состојба има тенденција да биде стабилна и без осцилации и приливот на пари да биде добар, дури и со можност за вонредни, а значителни добивки.
Јупитер во полето на вашата работа, но и здравје исто така ја држи состојбата под контрола. Сепак, чувајте го нервниот систем.
Јули
Аспектите укажуваат на големи можности кои ве чекаат овој месец. На некој начин ова е можеби и најважен месец во текот на целата година и максимално искористете ги сите понуди кои ќе ги добиете, а ќе ги има и на деловен и на емотивен план. Очекувајте максимално добра финансиска состојба, како и можност за вработување, односно за подобрување на работењето. Сите кои се занимаваат со јавни работи имаат огромни шанси за добра заработка, а многу ќе одлучат животот да го продолжат во странство, или барем да добијат шанса.
Полето на љубовта ви е исто така исклучително добро, посебно на оние кои не се во врска. Ако сте се помириле со судбината дека никогаш нема да сретнете сродна душа, ова би можело да биде месец кога, на патување или на одмор, ќе запознаете лице со кое ќе остарите.
Здравствено овој месец би можеле да имате проблеми врзани за градите и градниот кош.
Август
Неповолен месец. Марс од Лав ќе врши неповолно влијание на вашиот знак и може да ве „фрли“ во трошоци. Истите ќе ви донесат и многу обврски и трошоци. Вашата материјална и имотна состојба би можела да се поправи ако го искористите поволниот ветер кој ќе дува на деловна сцена на 13, 14 и 15-ти, и ако не останете пасивни на понудата која ќе ја добиете тогаш. Заработката е многу паметно да ја претворите во цврста валута, затоа што од крајот на оваа година треба да ја вложите во недвижности или во работа.
Полето на љубовта ќе биде поволно и најпосле ќе почуствувате што значи лежерно сфаќање на љубовта. Девиците и Скорпиите ќе бидат знаци кои ќе ви ги окупираат мислите, а тоа воедно значи дека никој нема да биде поштеден од измами или прељуби, па отворете очи и контролирајте го партнерот, но и сами внимавајте да не бидете откриени.
Здравствено би можеле да имате проблеми со грбот.
Септември
Очекувајте извонредно успешен месец на деловен план. Вработените можат да очекуваат унапредување, а оние кои се без работа овој месец речиси сигурно ги чека вработување и тоа најверојатно во некоја поголема приватна фирма или организација. Ако се одлучите за пат или продолжување на животот и работењето некаде во странство, ова е вистински месец за таков вид на ангажман, посебно од 15-ти. Финансиите видно ќе се подобрат и ќе следи речиси сигурна парична добивка, а можно е да е врзана за странство или работење во странска фирма.
Овој месец е поволен период и за љубов, преполн со нежности, подароци и љубовни понуди. Обратете внимание на Девици и не одбивајте ги овој месец. Имаат сериозни намери. Тајни врски се можни со некој или некоја од знакот Овен.
Месецот за лицата во овој знак е здравствено стабилен, единствено стомачен вирус вреба прилика.
Октомври
Деловно финансиската состојба овој месец ќе биде променлива. Финансиски ќе ве исцрпи едно женско лице, можно да е од знакот Рак, или мајка или сестра. Ќе ви се засили поривот за трошење и не се расфрлајте премногу за да не западнете во проблеми. Деловно во оптек ќе биде договор кој сте го направиле во текот на последните неколку месеци и ако се одлучите да ја прифатите понудата можете значително да профитирате, затоа советот е да не се предомислувате премногу. Многу понуди ќе бидат врзани за странство.
Полето на љубовта наговестува запознавање со млада личност, можно да е од знакот Овен која, ако сте во врска, потполно ќе ги протресат вашите досегашни морални начела и погледи, ако тоа веќе не се случило претходниот месец. Потполно ќе ве освои. Но, и сами би можеле да станете многу ангажирани на полето на љубовта, што многу околу вас ќе ги изненади. Ќе се одлучите да стапите во акција и да превземете иницијатива.
Здравствено се става акцент на желудникот
Ноември
Месецот кој се вика акција во полна смисла на зборот. Деловната сцена ќе биде составена од низа возбудливи состојби, со доста добивки и решени финансиско- административни проблеми, особено од половината на месецот кога ќе решите еден важен законски проблем. Бидете сепак внимателни, затоа што одредени ситуации ќе ве прават агресивен, заради што постои можност за ваши избрзани и импулсивни потези, а со тоа и загуби. Еден непромислен потег и се се свртува против вас и ќе загубите драгоцено време да исправате „криви Дрини“. Сепак, овој месец ќе успеете доста да заработите, а ако имате сопствена работа месецов ќе биде идеален за вас. Многумина овој месец можеби ќе основаат сопствени фирми.
Ниту на полето на љубовта нема да ви биде досадно. Ако не сте во врска, очекувајте дека некој сигурно ќе ви пријде прв, а како што сега стојат работите на небото не свртувајте грб на таа средба, затоа што ветува дека може да е успешна, дури и трајна. Многумина ќе ја официјализираат врската. Ако сте во брак, очекувајте подобрување на односот и помош од партнерот, иако ни зафатените нема да бидат имуни на флерт.
Здравствено се можни грозници.
Декември
Очекувајте напорен месец, со доста препреки и одлагање на решенија на вашиот деловен статус. Биковите родени во првата декада може да очекуваат тешкотии ако се вработени во поголема работна организација, а останатите позитивно решение врзано за работа или голема промена и сосем нова работа и положба. Во прашање е голема промена, можно е и заминување во странство и тоа со напомена дека се работи за прекуокеански и островски земји. Ако не е преку море, тогаш е секако северот на Европа. Овој месец ќе донесете одлуки од кои ќе ви зависи понатамошниот тек на животот и работењето и затоа никако не треба да се повлекувате. Прифатете ги и следете ги промените, затоа што крајот на оваа година е сосем нов почеток на нешто многу стабилно.
На полето на љуботва можете да очекувате исто така големи промени кои се викаат потполно нови љубови. На некои и нови-стари љубови, што значи враќање на некој или некоја од минатото, но на многумина им следуваат врски со лица со голема разлика во годините. Колку што на полето на работата треба да ги прифатите промените, толку тоа е неопходно и на полето на љубовта. Ако ве загржува разликата во годините – немате причина за загриженост.
Здравствено, обрнете внимание на гинеколошките проблеми.