Никола Ковач – Нико, дваесетгодишно момче од БиХ, е најплатен професионален играч на видео игри во светот до сега. Овој генијален гејмер за 500.000 долари премина од „Mousesports“ во екипата на „FaZe Clan“.
Кога фирмата „FaZe Clan“ потпиша договор со Никола Ковач за својата „Counter-Strike: Global Offensive” (CS:GO) екипа минатата недела, не само што себе си си го осигураа еден од најдобрите играчи, туку поставија и рекорд во висина на трансферот во CS:GO професионалното натпреварување.
Претходно рекордот го држеше Адил „ScreaM“ Бенрилтон, кога во септември 2015 година, за 160.000 долари премина од „Gamers 2“ u „Titan“.
Можеби звучи и неверојатно дека некој заработува играјќи игри на компјутер, но тоа на дваесетгодишниот Никола од Брчко му појде од рака.
Популарната игра „ Counter Strike“ му стана главен извор на заработка.
„Предобра работа. Не можев да го замислам ова. Играм отприлика по шест часови дневно со екипата и дополнително уште три часа работам за моја надградба“, изјави Ковач за АТВ.
Дека толку пари се вртат со игрици првобитно на родителите на Никола им било тешко да го разберат тоа. Сега тие му се најголема поддршка, дури и одат со него на турнири.