„Додека јас зборувам за Гоце Делчев, ти Никола се закануваш со Ќосето. Но, се што има почеток има и крај. Никола, како се вика десната рака на Ќосето, се вика Докурчев. Што да ти кажам повеќе, рече денеска на митинг во скопски Чаир претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа за пратеници во четвртата изборна единица, Зоран Заев.
Тој порача дека на овие избори се гласа за повисоки плати, за силни домашни фирми, за парите кај граѓаните, за институции во служба на граѓаните и за правда за сите.
„Не се гласа за партија. На овие избори гласате за вашата иднина и иднината на Македонија. Ни треба стабилна иднина. Секој ќе одговара по закон. Македонија има иднина. Иднината е во единството и сплотеноста, рече Заев.
На 11 декември, вели, граѓаните ќе бидат сами зад параванот, сами со своето гласачко ливче.
„Одберете дали ќе гласате за преживување и изживување врз вас или за живот во Македонија“, посочи во своето обраќање Зоран Заев.