На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1537 пациенти со Ковид-19.
Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 668 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршките клиники имало 30 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало седум примени пациенти, а шест биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а четири пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 319 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти. На Клиниката за детски болести има19 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 68 болни, а во Куманово 143 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп 112 во ковид – центарот во Гостивар 36, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 23, Кавадарци 69, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на коронавирусот.