Со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, на граничниот премин Евзони, во камион што во Грција влегол од Македонија, биле откриени 90,5 килограми марихуана.
Суровиот канабис, според грчките медиуми, спакуван во 88 пакувања, бил скриен во петте резервните гуми под камионот.
Возачот на камионот е уапсен.
Во тек е истрага за утврдување на вмешаност и на други лица во случајов.
(Фото: МИА)