Најчистата светска енергетска фабрика за преработка на отпад „Копенхил“ во Копенхаген, која 440.000 тони отпад годишно преработува во чиста енергија и снабдува со струја повеќе од 150 илјади домаќинства, изгради урбан рекреативен центар на врвот на зградата.
„Копенхил“ направи скијачка патека, патека за пешачење, ѕид за качување и ресторан со поглед на градот, пренесува порталот „Екоблог“.
Креаторите на рекреативниот центар дури смислија и едукативен начин за да ги информираат луѓето за напредокот на фабриката така што оџакот ќе исфрла облаци од чад во форма на прстен секој пат кога ќе биде испуштен еден тон јаглен-диоксид.
Се смета дека Копенхаген до 2025 година ќе стане прв град во светот со нула емисија на јаглен диоксид.