Будењето со мирис на кафе е еден од најдобрите начини за разбудување на сите сетила и за започнување на денот.
Освен што не подготвува и не полни со енергија за одработување на дневните обврски, испиеното кафе зад себе остава мелени остатоци од зрна кафе кои можат да бидат од голема помош во борбата против непријатните мириси и прљавштини, а од исклучителна корист е и за гаење на цвеќе и бркање на љубопитни животни од вашиот двор.
Во продолжение дознајте како можете да ги искористите остатоците од кафе во вашето домаќинство уште денес.
…. ги отстранува непријатните мириси од замрзнувачот
За да ги спречите непријатните мириси во замрзнувачот, ставете во него суво мелено кафе. Кафето ќе ги впие мирисите.
Потребно е да го ставите кафето во сад со дупчиња на капакот и да го сместите во замрзнувачот.
Менувајте ја содржината на садот на секои две недели, затоа што нејзината природна моќ за впивање природно слабее со времето.
….го олеснува чистењето на каминот
Ако се подготвувате да го исчистите каминот, пред да се фатите за метлата врз собраниот пепел ставете влажни мелени зрна кафе.
Влагата ќе ги поврзе ситните честици од прашината и ќе спречи нивно распрашување по станот кога ќе почнете да чистите.
Едноставен начин како да спречите уште поголем неред.
….помага во борбата против тврдокорните дамки
Немате жичан сунѓер? За дополнително стругање на загорени лонци и валкани чинии искористете остатоци од мелено кафе.
….го поттикнува растењето на цвеќето
Искористените мелени зрна кафе и понатаму се полни со хранливи материи кои можат да се употребат како ѓубриво за цвеќиња на кои им одговара киселкаст состав на земјата.
Ставете ги остатоците од кафе на земјата каде растат рози, рододендрон, зимзелени билки и камелии и гледајте како вашите цвеќиња ќе растат.
….делува како одлично средство за пилинг
При изработка на домашен сапун сетете се на мелените зрна кафе.
Не само што ќе ги отстранат непријатните мириси, туку и парчињата кафе ќе делуваат како нежен и мирисен пилинг.
….го елиминира мирисот на лук од прстите
При готвење бројните намирници можат да остават силен мирис на нашите раце.
Чистењето на лук или риба особено е проблематично, заради што крај мијалникот секогаш чувајте малку мелено кафе.
Со кафето истрлајте ги рацете и потоа измијте ги со вода.
На тој начин ќе ги отстраните сите насобрани непријатни мириси.
….ја отстранува смрдеата од чевлите
Сув талог од кафе ставете во стара чорапа или во најлон ќеса, заврзете ја и ставете ја преку ноќ во носени патики или чевли за, преку ноќ, да се впијат непријатните мириси.
На ист начин моѓете да го освежите и ормарот којшто не се проветрува често.
….брка љубопитни мачки од вашата градина
Со полно внимание одгледувате разни цвеќиња и билки и ве лути кога околни мачки ќе залутаат меѓу вашите садници?
Направете мешавина од талог од кафе и кори од портокал. На тој начин ќе добиете микс од од силен мирис кој потоа треба само да го расфрлате по земја.
На мачките тој мирис ќе им биде одбивен и ќе ги остават вашите цвеќиња и билки на мир.