„Избори во Штип ќе има, а Сашко Николов е идниот градоначалник. Изборите ќе бидат според сите стандарди, протоколи и заштитни мерки, здравјето на граѓаните ќе биде
заштитено’, истакна вечерва генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција Љупчо Николовски.
Во интервју за телевизија „Стар“, Николовски рече дека СДСМ има огромно водство и води на сите анкети пред локалните избори во Штип.
„Затоа ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се плашат од пораз. Ние имаме кадар за подобар живот, за поквалитетен живот, не само за Штип, туку за сите градови“, рече Николовски.
Очекува демократски и фер избори, со целосна заштита на здравјето на гласачите и во Штип и во Пласница.
„Опозицијата стана пример за неодговорно однесување, а ние покажавме дека знаеме да организираме избори, како што беа парламентарните пред неколку месеци“, рече генералниот секретар на владејачката СДСМ.