Велика Британија објави дека ќе испрати 300 милиони фунти воена помош за Украина.
Од почетокот на инвазијата, Британија и испрати на Украина повеќе од 5.000 противтенковски ракети и пет системи за противвоздушна одбрана, како и друга муниција и експлозиви.
Соединетите Американски Држави досега испратија воена помош во вредност од 3 милијарди долари за Украина, а минатата недела претседателот Џо Бајден побара од Конгресот да одобри повеќе од 20 милијарди долари воена помош.