Осум години по објавувањето на книгата поезија “Чехопек”, во Чешка е објавена втора книга од македонскиот поет Ристо Лазаров.
Објавена е стихозбирката “Лавиринт” во познатиот, долгогодишен формат на овој поет – седум циклуси по седум песни.
Песните од македонаки на чешки јазик ги преведе академик Иван Доровски, кој е автор и на предговорот на книгата, како и на биографијата и вивлиографијата на Лазаров.
Книгата има 130 страници, а ликовното решение на корицата на книгата е Дагмар Доровски.
Издавач на ова втора објава на поетска книга на Ристо Лазаров, кој инаку е член на чешкиот ПЕН центар, е угледната издавачка куќа “Трибуна ЕУ”.
Наскоро во Белград се очекува да биде објавена најновата стихозбирка “Мрак” од Ристо Лазаров на српски јазик.