На кејот Вардар, во близина на алпинистичката карпа, поставена е нова фитнес-зона, уште едно спортско катче во општина Карпош. Справите ќе бидат достапни за сите граѓани. Фитнес-зоната е донација од компанијата „Бимилк“.
Богоев напомена дека на оваа локација ќе биде изграден и нов парк, кој дополнително ќе го облагороди просторот со ново зеленило и содржини.
„Главниот фокус на нашата компанија е здравјето, преку континуирана поддршка на рекреацијата и спортот – истакна Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во „Бимилк“.
Оваа т.н. „Баланс зона“ има цел да го поттикне здравиот начин на живеење и на директен начин да придонесе за зголемување на физичките активности на граѓаните.