Имајќи ја предвид моменталната епидемиолошка состојба, на предлог на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, од списокот на земји со посебен ризик од „увоз“ на „омикрон“ варијантата од САРС-КоВ-2 вирусот тргнати се сите држави што беа на него.
Станува збор за Јужноафриканската Република, Зимбабве, Намибија, Лесото, Мозамбик и Малави.
Во моментот на симнувањето на овие земји од списокот, беа укинати и посебните мерки за патниците кои доаѓаат од споменатите земји во Србија.
Тоа во пракса значи дека мерките од Упатството за начинот на примена на ограничувања за влез во Србија на лица кои доаѓаат од земји со посебен ризик од заразна болест ковид-19, објавено на 2 декември 2021 година во Службен весник на Република Србија, нема да се применува.