„Во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, а регистрирани се 1285 нови случаи на Ковид-19, починале 14 лица, а оздравеле 176 пациенти“, информира вечерва Министерството за здравство.
Од новорегистрираните најмногу се во Скопје-522, по што следи Прилеп 79, Тетово 73, Велес 63, Битола 57, Гостивар 54, Штип и Кавадарци по 46, Кичево 44, Куманово 43, Охрид 40, Струмица 36, Струга 25, Неготино 27, Кочани 22, Свети Николе 18, Гевгелија 17, Радовиш 13, Виница и Делчево 11, Крива Паланка-8, Демир Хисар и
Берово по пет, Македонски Брод и Ресен по четири, Валандово, Кратово и Дебар по три, Пробиштип 2, Крушево 1.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 176 оздравени пациенти од кои 162 во Скопје, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1.
Починатите 14 лица се на возраст од 21 до 82 години: еден пациент од Скопје (52г), еден од Битола (75г), двајца од Кичево (66 и 71г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Штип (62г), еден од Свети Николе (76г), еден од Радовиш (66г), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82г), еден од Гостивар (78г) и еден пациент од Кавадраци (21г).
Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 38 782, бројката на оздравени пациенти е 23011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14661.
Според досега завршените епидемиолошки анализи дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 16924, активни 6732
• Куманово 2615, активни 641
• Дебар 376, активни 74
• Штип 1913, активни 424
• Прилеп 1765, активни 798
• Тетово 2670, активни 890
• Струга 929, активни 186
• Велес 1120, активни 672
• Битола 996, активни 495
• Охрид 924, активни 397
• Кавадарци 708, активни 367
• Гостивар 1437, активни 393
• Гевгелија 478, активни 215 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 83 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1182, активни 649
• Крива Паланка 279, активни 125
• Радовиш 296, активни 115
• Крушево 46, активни 23
• Кочани 848, активни 266
• Пробиштип 248, активни 94
• Демир Хисар 104, активни 34
• Македонски Брод 115, активни 15
• Пехчево 60, активни 4
• Берово 236, активни 60
• Валандово 117, активни 36
• Виница 224, активни 107
• Делчево 299, активни 144 (74 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 90, активни 59
• Свети Николе 543, активни 125
• Кичево 724, активни 286
• Ресен 284, активни 90
• Неготино 232, активни 145 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти.
Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти.
На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има осум приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти.
На респиратор се 3 пациенти. Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Аеродром -1079
• Гази Баба – 913
• Карпош – 923
• Центар – 893
• Кисела Вода – 803
• Ѓорче Петров – 555
• Чаир – 400
• Бутел – 366
• Шуто Оризари – 93
• Студеничани – 33
• Сарај – 63
• Арачиново -14
• Илинден – 160
• Сопиште – 58
• Чучер Сандево – 47
• Петровец –62
• Зелениково -37
• Странец – 88
• Нераспределен- 145
Направените 3404 теста се преку: ИЈЗ-1181, ЦЈЗ Скопје-117, Авицена-534, Биотек-251, МАНУ -302, Жан Митрев (Филип Втори) -243, Систина со PCR метода -359, лабораторија Лаор –87, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-127, Инфективна клиника-17, ГАК-0, Синлаб-83, Ремедика-44, лабораторија болница Козле-32, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -25, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања на Ковид -19.