Министерството за здравство соопшти
дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од
Ковид-19 и тоа во Скопје–25, Куманово–13, Прилеп–5, Струга–1, Битола 4, Охрид–1 и Кочани–4.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се посочува, починаа 58- годишна пациентка од тетовско Желино, примена на Клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81–годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април.
Двете пациентки имале и висок крвен притисок.
Во ГОБ „8 Септември“ почина 47-годишен пациент од Куманово, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина.
Почина и 66-годишен пациент од Битола, кој во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза се лекуваше во Клиничката болница во градот.
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи со Ковид–19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува, 1.399, а последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје–75, Куманово–376, Дебар–51, Штип-34, Прилеп–143, Тетово–75, Струга–64, Велес–66, Битола–19, Охрид–15, Кавадарци–5, Гостивар–15, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш–4, Крушево–3, Кочани–28, Пробиштип–2, Кичево–2, Неготино–4, Демир Хисар–1, Македонски Брод–2, Пехчево–1, Валандово–1, Виница–2.
Направените 289 теста и тоа преку Институтот за јавно здравје –226,
Ветеринарен факултет–9 , Авицена–12, Систина со PCR метода–38 и
МАНУ-4.
Досега во земјата се направени вкупно 15.409 тестирања на
Ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е примен
еден пациент, а хоспитализирани се вкупно 61.
Од нив, 18 се со потешка
клиничка слика и на кислородна поддршка, а пет пациенти се на
механичка вентилација.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно
хоспитализирани 32.
На респираторна машина се седум пациенти, а
четири се со потешка клиничка слика.
Во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани седум лица, а се
следат вкупно осум пациенти во домашно лекување, додека во
Клиничката болницаа во Штип се лекуваат двајца пациенти, а се следат
уште девет.
На инфективните одделенија во болниците во Куманово,
Велес и Прилеп се хоспитализирани 50 пациенти, потврдени и суспектни
на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.