„Од вкупно 1837 направени тестови во последните 24 часа, во државата се регистрирани нови 613 случаи позитивни на Ковид-19“, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додават дека во Институтот за јавно здравје се регистрирани 688 пациенти, односно 25 пациент починале.
Најголемиот број на новозаразени се во Скопје, вкупно 204 лица, по што следат Кавадарци со 38, Куманово-35, Тетово-29, Прилеп и Охрид со по 27, Гостивар и Велес по 24, Битола-23, Штип-20,Гевгелија и Струга по 19.
По 15 новозаразени има во Неготино и во Свети Николе, 12 во Берово, 11 во Кочани и во Кичево, девет во Струмица, по осум во Крива Паланка и Радовиш, седум во Ресен, четири во Делчево, три во Пробиштип, по два во Валандово и Македонски брод, по еден во пехчево и Виница.
Главниот град е и со најголем број на оздравени, 251. Во Куманово таа бројка изнесува 38, Дебар-3, Штип-39, Прилеп-45, Тетово-41, Струга-18, Велес-29, Битола-43, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-32, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Свети Николе-6, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-9.
„Од починатите лица осум пациенти се од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови“, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 31757, активни 11369
Куманово 4268, активни 658
Дебар 562, активни 165
Штип 3065, активни 466
Прилеп 3669, активни 944
Тетово 4394, активни 984
Струга 1781, активни 458
Велес 2446, активни 689
Битола 2654, активни 889
Охрид 2044, активни 620
Кавадарци 1697, активни 637
Гостивар 3078, активни 834
Гевгелија 945, активни 298 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 158 на Богданци и 12 се странски државјани)
Струмица 2005, активни 576
Крива Паланка 526, активни 128
Радовиш 520, активни 133
Крушево 151, активни 73
Кочани 1427, активни 260
Пробиштип 405, активни 68
Демир Хисар 218, активни 48
Македонски Брод 198, активни 36
Пехчево 120, активни 23
Берово 453, активни 105
Валандово 254, активни 59
Виница 418, активни 124
Делчево 602, активни 291 (170 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 172, активни 27
Свети Николе 980, активни 210
Кичево 1448, активни 374
Ресен 563, активни 186
Неготино 818, активни 371 (123 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1837 теста се преку: ИЈЗ-759, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена-229, Биотек-158, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -181, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-96, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-9, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -71, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 364.858 тестирања на Ковид -19.