Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Стоук одиграа нерешено 1:1 во натпревар од седмото коло од Премиер лигата.
Јунајтед поведе со голот на Антонио Марсијал во 69 минута, а изедначувањето и еден бод за Стоук донесе Џо Ален со погодок во 82 минута.
Екипата на Жозе Мурињо беше подобар противник целиот натпревар, напаѓаше и создаваше шанси, но не успеа да триумфира. Јунајтед во 89 минута можеше да дојде до трите бода, но Пол Погба погоди во стативата.
Во следното коло, кое е на програмата за две недели, Јунајтед му гостува на Ливерпул на Енфилд, додека Стоук го дочекува Сандерленд.