Жозе Мурињо и Џерар Пике го гледаа Новак Ѓоковиќ од иста ложа во Лондон, а откако Ѓоковиќ го победи Доминик Тим на стартот на Завршниот мастер со 2:1 (6:7, 6:0, 6:2), се дружеше со шпанскиот фудбалер.
Ѕвездата на Барцелона и моментно вториот на АТП листата се најдоа после мечот, но не можеа без спорт.
Дружењето го зачинија со баскет во една од просториите.
Ѓоковиќ објави фотографии на кои се гледа како Пике и тој шутираат на мал кош со мало топче, и се натпреваруваат кој е подобар.
На крајот, што е во овој случај најмалку важно, резултатот бил нерешен.
„Нерешено. Добар си, Џерар. Не ти е доцна за кошаркарска кариера“, напиша Ѓоковиќ на својот Фејсбук профил.