Во тек е директниот пренос од седиштето на Советот за безбедност при Обединетите нации во Њујорк, каде што се одржува седница на највисоко ниво заради загриженоста на ОН околу мировните мисии и тероризмот.
Тема на состанокот е „Заканите за меѓународниот мир и безбедност предизвикани со терористички акти“.
Членовите на Советот расправаат за 13 извештај на генералниот секретар на стратешко ниво за заканата која ја претставува ИСИС среде политичките превирања во Авганистан, откако Талибанците влегоа во Кабул.
Со состанокот претседава индискиот министер за надворешни работи Субрахманијам Џаишанкар.
(Фото: ЕПА)