Поради обилен снег сообраќајот на патниот правец Берово – Пехчево се одвива во отежнати зимски услови. Во текот на вчерашниот и денешниот ден се вози по снежни коловози, поради што надлежните апелираат на задолжително поседување зимска опрема.
Долж овој патен правец, снегот е најизразен кај месноста Крива Круша, во близина на Пехчево. Поради ова апелираме до сите кои сообраќаат на овој патен правец на поседување на задолжителната опрема и почитување на сообраќајната сигнализација, истакнаа од „Македонија Пат”.
Нова снежна покривка има и во Берово, која најголема радост предизвика кај децата кои ужуваа во снежните лудории на снегот.
Во останатите предели од Пијанечкиот регион најмногу снег има на планината Голак во Делчево.