Инцидент го одбележа настапот на Елтон Џон во Лас Вегас. Обожавател од прв ред со ѓердан го удрил пејачот в лице, при што тој останал занемен од шок, престанал да свири на пијаното и проверил дали сите заби му се на број.
Сер Елтон Џон ја изведувал песната „Saturday Night’s Alright for Fighting“ во „Цезар палата“, кога бил удрен со ѓерданот.
Една обожавателка го „уловила“ инцидентот на мобилен телефон, додека се снимала како пее на сцената заедно со Елтон.
За среќа, пејачот не бил сериозно повреден.