„Се надеваме дека денеска ќе биде мирен изборен ден без проблеми, бидејќи на Македонија и се неопходни овие избори за да излезе од политичката криза која трае две години, изјави шефот на набљудувачите на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Азај Гулијев, по посетата на Избирачкото место 5 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Тој истакна дека прелиминарната оценка за текот на изборите ќе биде дадена во текот на утрешниот ден, откако ќе се сублимираат забелешките и резултатите од од целодневното набљудување на изборите. Посочи дека имаат 250 краткорочни набљудувачи кои се распоредени низ целата земја.
Гулијев го посети изабирачкото место заедно со Специјален координатор кој е одговорен за предводење на краткорочна мисија на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Македонија, Роберт Батели.
Батели се согласи со ставот на неговиот колега дека оценката може да се даде по завршувањето на избирачкиот процес. Досега, тој додаде, дека нема информација за какви било недостатоци на избирачките места